Улогата на самотијата во модерното време

Улогата на самотијата во модерното време

Нашата желба да бидеме задоволни самите со себе се јавува како резултат на масовната потрошувачка и брзиот начин на живеење. Така, се јавува потребата да се истакнеме од другите како посебни и единствени, без разлика дали станува збор за стилот на облекување, зборување или однесување.

Улогата на самотијата во модерното време

Сепак, да не заборавиме дека и самотијата може да има голема улога при личниот раст и развој на единката и тоа на следниот начин.

1. Самотијата го насочува вашето внимание кон вас самите

Колку пати досега сте почувствувале како животот минува, а вие воопшто не го живеете? Како резултат на брзиот ритам на живеење кој е веќе длабоко вкоренет во вашето секојдневие, чувствувате дека распоредите и работните обврски ги контролираат вашите животи. Токму поради тоа самотијата некогаш може да ви биде вистинскиот спас – бидејќи ви дозволува за миг да го насочите внимание кон вас и кон вашите потреби.

2. Самотијата ве прави автентични

Ќе се изненадите кога ќе станете свесни за тоа колку другите луѓе влијаат врз вашите одлуки. Така, голем дел од вас најверојатно ги избрале своите работни места или местото на живеење поради семејството или пријателите. Понекогаш, ваквите одлуки не се својствени за вас самите туку тие се направени врз основа на фактот дека честопати заборавате да го слушнете сопствениот глас. Не заборавајте дека токму осаменоста ќе ви помогне да ги слушнете сопствените потреби и внатрешниот глас.

3. Самотијата нуди можност за растење и созревање

Сите ние сме меѓусебно поврзани на многу начини, но понекогаш треба да најдеме простор кој ќе ни овозможи да растеме и да созреваме како личности. Разноразните обврски кои ги имаме кон нашите родители, пријатели, партнери и деца, но и нивните очекувања кон нас понекогаш нè спречуваат да ги увидиме нашите вистински способности и нашата вистинска природа.

4. Самотијата ја развива креативноста

Најдобрите уметнички дела се создадени во скапоцените мигови на осамеништво. Токму осаменоста е таа што ни помага подобро да се фокусираме и да ја вложиме сета потребна енергија за да се отелотвори сето она што е скриено во нас.

Откако прочитавте за влијанието на самотијата врз нашите животи, можеби ќе сакате да погледнете и шармантни илустрации кои ги доловуваат потценетите моменти на самотијата.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар