Учете побрзо со помош на овие 5 моќни техники

Учете побрзо со помош на овие 5 моќни техники

Без разлика колку време имате во текот на денот за да научите нови вештини, секогаш можете да го забрзате тој процес. Било тоа да е учење нов јазик или пак учење како да се започне со еден бизнис, побргу ќе научите доколку умеете да ги контролирате работите и да ги преземете во свои раце. Денес ви прикажуваме 5 моќни чекори коишто ќе ви помогнат да го забрзате процесот на вашето учење.

1. Ставете акцент на методите, пред бројот на посветени часови

Кога станува збор за учење нешто ново, методот на учење е поважен од посветените часови. Секако, ова не значи дека бројот на посветените часови не е важен, но пред сè треба да изберете метод којшто ќе ви даде најдобри резултати. За сè што ќе сакате да научите постојат повеќе методи, затоа, потрудете се да сфатите кој е најефикасниот за вас и посветете се на него.

2. Користете го правилото 80/20

Овој концепт е развиен од италијанскиот економист Вилфредо Парето, којшто објаснува дека 80% од посакуваните резултати доаѓаат со само 20% вложување.
Иако тоа варира од ситуација до ситуација, вие ќе откриете дека:

  • 20% од луѓето во вашиот живот ќе придонесат за 80% од вашата среќа
  • 20% од вашите потрошувачи ќе учествуваат во 80% од вашата продажба
  • 20% од вашите методи на учење ќе придонесат за 80% од вашите резултати

Кога треба да учите нешто ново, имате чувство дека не знаете многу работи, па лесно е да скокате од една работа на друга. Но, ова ќе биде само залудно потрошено време. Фокусирајте се на она што ќе ви донесе најмногу корист. На пример, доколку сакате да учите шпански јазик само затоа што ова лето сакате да отпатувате во Шпанија, наместо да се фокусирате на читањето и пишувањето, најпрво научете да зборувате, затоа што тоа најмногу ќе ви биде треба!

3. Учете преку практикување на работите

Како што покажуваат истражувањата, луѓето најмногу го задржуваат наученото преку:

  • 5% од учење од предавање/лекции
  • 10% од учење преку читање
  • 20% од учење на аудио-визуелни начини
  • 30% од учење преку демонстрирање
  • 50% кога се ангажирани во одредена дискусија
  • 70% кога го применуваат тоа што го научиле
  • 90% кога во истиот момент го изведуваат тоа што го учат

Потсетете се како сте научиле да возите велосипед. Наместо да гледате туторијали или да читате како се прави тоа, вие се впуштивте во неговото искусување.

4. Пронајдете тренер

Луѓето коишто ги карактеризираат високи успеси имаат едно нешто заедничко: тие имаат свој тренер. Тренерот ви овозможува да видите и работи коишто претходно не сте можеле да ги согледате. Тој ве води низ тешките времиња со коишто често ќе се среќавате кога ќе учите нешто ново.

5. Процесот над перформансите

Заедничката грешка којашто ја прават сите кога се обидуваат да научат нешто ново, е тоа што се фокусираат на резултатите, наместо на процесот. Треба да запаметите дека тешко е да се видат одредени резултати додека не се посвети повеќе работа на тоа. Малите чекори можеби не звучат примамливо, но токму тие водат кон патот до успехот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар