Убиство на мојата душа

Убиство на мојата душа

Автор: Васко Марковски
поднесено преку „Предложи содржина“)

Си се почувствувал ли некогаш сам, а да си опкружен со сиот свет? Да имаш сè, а всушност да немаш ништо? Да живееш, а да не си жив? Тешко е надежта да живее само во сонот, бидејќи реалноста страсно ја убива. Секој почеток е тежок, но дали вреди да се почне е секогаш прагот на колебање…Убиство на мојата душаВеќе нема начин, нема збор што ќе опише во што ме претвори. Од мене создаде емотивно хендикепиран монструм, инвалид кој веќе не перцепира љубов, несреќник за доверба. А, ти? Се прашувам дали некогаш воопшто си бил искрен или сево ова време беше под маска, која те гушеше, па реши да ја тргнеш… а јас живеев во заблуда. Сега молиш за милост, правејќи уште поголема немилост.

Највеќе боли кога убиваш секој ден по малку. Не можам да си признаам на себе дека не можам да те оттргнам од мојот свет, свет кој го градевме заедно, а сега ти така бесрамно го уриваш и ги крадеш циглите за да изградиш нешто што ни најмалку не би личело на тоа што го создадовме ние. Бевме две тела со една душа, четири очи со еден поглед, две усни со еден здив и две срца со една надеж… НИЕ! Ама тоа веќе не постои, бледее со секој изминат ден, но се враќа со секој повторно сретнат поглед.

Сè ми зема, веќе немам ништо за себе, ко да не постојам, сè што имав, не го делев, туку ти го дадов. Боли и ќе боли уште долго, но барем знам дека еден ден ќе се запрашаш што всушност направи, зошто немаш никој покрај тебе што ќе те разбере и без збор да кажеш, зошто го стори најголемиот грев… уништи нешто што Божји раце го створиле, како да уби чиста душа од досада. Мене веќе ми е сеедно, но ти ќе сфатиш многу доцна во животот дека Бог само еднаш дава љубов… Збогум!

Сакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. maja Reply

    Preubavo e, za moment si pomisliv deka jas sum go napisala.

  2. Елена Reply

    Ми се допаѓа она Бог само еднаш дава љубов….ама ако е така тогаш и ние сме се зезнале бидејки ни дал шанса да љубиме…..и таа не била искористена на прав начин, сме ја потрошиле…..во секој случај емотивен текст кој ке го разбере и допре само оној кој се изгорел во љубовта само затоа што сакал и посакувал да му биде возвратено

Остави коментар