Убаво тело не се добива преку ноќ: 4 совети пред да одите во теретана

Убаво тело не се добива преку ноќ: 4 совети пред да одите во теретана

Тргнувањето во теретана треба да биде смислено плански и дисциплински, а поголем број од почетниците не го знаат тоа. Тие мислат дека е доволно само да се појават и да вежбаат какви било вежби со тегови, на кој било начин, и со тоа да го добијат телото за кое отсекогаш сонувале. Но, не грижете се, потребно е време за да сфатите како навистина функционираат работите во теретаната.

Group of people at the gym in a stretching class

1. Не се случува сè во теретаната

Освен тренингот, важно е да се придржувате кон адекватна исхрана и одмор. Диетата треба да се испланира во склад со целите и може да биде разновидна. Мора да бидете свесени дека, колку често и да одите, не е доволно само да одите во теретана.

2. Не ги копирајте другите

Голем број почетници се несигурни, па се обидуваат да го имитираат она што го вежбаат искусните вежбачи наместо да ја следат почетната програма и да ги усовршат основните вежби. Ова вежбање може да ве повреди, па дури и во најдобриот случај може да ве доведе до премногу тренинг, а поради тоа ќе се откажете од одењето во теретана.

3. Заблуди и митови

Мора да бидете спремни на илјада совети кои ќе ги добиете, а се однесуваат на вежбите и исхраната. Запомнете, никој не е експерт или нутриционист само поради тоа што е добро граден. За секој совет што ќе го добиете, посоветувајте се со експерт.

4. Нема брзи резултати

Во првиот месец од вежбањето веднаш ќе забележите резултати, но тие се привремени и ќе исчезнат ако престанете да вежбате со таа брзина. За поголеми и подобри резултати мора да вежбате долго и упорно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар