Убавицата и ѕверот: Поучна бајка што со векови крие важна психолошка лекција!

Убавицата и ѕверот: Поучна бајка што со векови крие важна психолошка лекција!

Оваа бајка може да нè научи на многу лекции, особено за љубовта кон себе. Постои едно психолошко клише дека мораме да научиме да се сакаме себеси, дури и оние делови од нас што често се мета на јавно осудување. Имајќи го тоа на ум, еден експерт укажува на важната лекција што со векови се крие во оваа приказна.

2-ubavicata-i-dzverot-pouchnata-bajka-so-vekovi-krie-vazhna-lekcija-od-psihologijap-www.kafepauza.mk_

Џош Грејсел, психолог и автор, тврди дека работата на себе не е толку тешка колку што сите кажуваат. Овој пат тој се обидел да го објасни себеприфаќањето според примерот на една од најубавите бајки од нашето детство, „Убавицата и ѕверот“.

Оваа француска бајка е создадена во далечната 1740-та година, а до денес е објавена во голем број варијации. Најкратко кажано, преубава девојка доброволно се согласува да остане заробена од страна на суров ѕвер за да го спаси својот татко. Ѕверот изгледа страшно и убавицата го избегнува, се плаши од него и се обидува да избега. Секоја ноќ, Ѕверот ја прашува Убавицата дали сака да се омажи за него, и секоја ноќ таа повторно го одбива. Како што вели Џош, читателите знаат дека Ѕверот е нешто што убавицата мора да научи да го сака без убедување и дополнителни информации. Убавицата мора да научи да ја гледа убавината во Ѕверот!

На почетокот постојат само случајни навестувања што ја водат Убавицата да размисли за тоа дека Ѕверот можеби и не е толку страшен. Во тие моменти навиваме да го сфати она што сите ние го знаеме: Мора да научи да го сака овој Ѕвер. Да преминеме на главното. Таа со текот на времето се заљубува во Ѕверот и доаѓа до судбоносниот бакнеж по кој тој се претвора во прекрасен принц. Една од најубавите верзии на оваа приказна истакнува дека Убавицата толку многу го засакала што кога го погледнала принцот викнала: „Каде е мојот Ѕвер? Врати ми го мојот Ѕвер!“

videoimage

Сега, помислите на некој дел од себе и вашиот живот кој не ви се допаѓа, кој не можете да го прифатите и кој сакате да го промените. Нешто за коешто размислувате само негативно. Постојат одредени работи во животот кои ве заробуваат и со тек на времето започнувате да ги мразите, толку многу што од сè се обидувате да побегнете. Оваа бајка сите овие векови крие универзална вистина и најверојатно тоа е причината за нејзиниот опстанок. Според неа мора да научите да ги сакате и работите кои кај себе во моментот ги мразите.

Не станува збор за тоа дека треба да добиете преубав принц, туку да сфатите дека зад секоја „грдотија“ се крие некоја вредност, богатство што треба да го засакате. Додека не успеете во тоа ќе бидете затворени во затворската просторија на неприфаќањето. Само низ овој вид прифаќање можете да ги цените вашите проблеми и предизвици како подароци. Кога ќе се прифатите и засакате себеси може да се каже дека ќе живеете среќно до крајот на животот. Тоа значи дека без разлика на тоа колку немате објаснување за некои работи или колку тие моментално ви создаваат болка, сепак можеби во нив постои некоја виша цел. Прифатете ги! Спасете се себеси од патењето и понатамошната болка и спремете се за поуката која ќе ја научите со прифаќањето на моменталното животно искушение.

Немојте да додавате „Но…“, туку прифатете го предизвикот и обидете се да пронајдете убавина во „Ѕверот“ од вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. Ljupka Reply

    Sekako, tuka ne treba da se zaboravi i potencijalno strasnata strana na taa prikazna, deka devojkite znaat da se privrzat so lugjeto koi gi kidnapiraat. Deka naucuvaat da sedat i protiv svoja volja. Prikaznata ima srekjen kraj, mnogu devojki ne go gledaat toj kraj, za zal.

Остави коментар