Туризам со виртуелни водичи и без пасоши

Туризам со виртуелни водичи и без пасоши

Од 2020 година низ атрактивните локации во светот ќе ве придружуваат виртуелни туристички водичи. Ова го прогнозираат технолошките експерти од ИТ-групацијата „Амадеус“, во нивната глобална студија наречена „Од хаос до соработка“. Туризам со виртуелни водичи и без пасошиВо блиска иднина, и во овој дел од животот сè помалку ќе зависиме од луѓето, а сè повеќе од технологијата. Виртуелни водичи на вашиот смартфон или ајпад, ќе ви посочуваат интересни туристички места и ќе ве носат во нивна обиколка. Предноста е во тоа што самите ќе одредувате колку време ќе се задржите на една локација. Нема да трчате по водичот од избраната агенција, бидејќи сте сакале малку подолго да уживате во посетата.Туризам со виртуелни водичи и без пасошиТурканиците пак, на аеродромите, автобуските и железничките станици, ќе станат минато. Нема да ви бидат потребни пасоши, доволно ќе биде само скенирање на очите и земање отпечатоци од прстите. Можеби во моментот тоа ви звучи невозможно, но истражувањето на експертите од „Амадеус“ прогнозира ваква иднина во туризмот. Нема повеќе да се грижите дали пасошот сте го заборавиле дома или сте го изгубиле. Сè ќе се одвива автоматски, со цел да се избегнат долгите редици пред шалтерите и доцнењето предизвикано од бавните рачни проверки од страна на службите. Нема да има хартиени кодови ниту на вашиот багаж, и тој ќе се евидентира електронски. Сè на сè, студијата ветува патувања без комплицирани процедури и обемна документација.

Туризам со виртуелни водичи и без пасоши


„Во наредните години постои голема можност да се редефинира пакетот услуги за патниците, за да може да се задоволат нивните променливи навики и потреби. Клучот е во поинтелигентна размена на информациите и во подготвеноста на туристичките капацитети да се спротивстават на стаус-квото. Со ова ќе се зајакне партнерскиот однос меѓу патниците и агенциите. Ние сме посветени на стимулирање дебата во патувачкиот сектор за промените во светот, за тоа како индустријата може да еволуира во насока на обезбедување раст, профитабилност и понатамошен успех на нашите клиенти“, вели Еберхард Хаг, потпретседател на глобални операции во „Амадеус“.

Туризам со виртуелни водичи и без пасоши


„Сакавме да го избегнеме правењето техно-центрични претпоставки за иднината на патувањето и градење слика за светот со интелигентни роботи и летачки автомобили. Се надеваме дека оваа студија ќе ги испровоцира компаниите и ќе биде предизвик за креирање на мислење, за тоа како би изгледало патувањето за една деценија“, смета директорот на ИТ – компанијата, Ендрју Кари.

Извештајот, кој прогнозира нова ера во патувачката индустрија, е базиран на детално истражување и податоци од експерти и патници од различни делови во светот, како САД, Велика Британија, Бразил, Кина, Русија, Шпанија и Обединетите Арапски Емирати.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар