Трите лекции што Том Хенкс ги научил од најљубезната личност на светот
Најпопуларниот американски водител Фред Роџерс го подигна концептот на љубезноста на едно сосема ново ниво. Со неговата програма „Соседството на господинот Роџерс“ израснале повеќе од една генерација Американци, а неговата популарност кај децата се споредува со онаа на Дедо Мраз. Иако Том Хенкс не го запознал лично господинот Роџерс (бидејќи тој починал во 2003 година), улогата во филмот „Убав ден во соседството“ му донесе на актерот шест номинации за Оскар. Во продолжение прочитајте што научил Том Хенкс при подготовките за таа улога.
1. Поврзувањето со луѓето и обидот да им продадете нешто се две различни работи
Роџерс никогаш не сакаше да ѝ се наметне на публиката, тој само сакаше да се поврзе со неа. Тој кажал една прекрасна фраза: „Сосема е нормално понекогаш да се чувствувате тажно“. Иако звучи како вовед во некој семинар за самопомош, вистината е дека господин Роџерс само сакал да ѝ каже на публиката дека тагата е нормална и вообичаена состојба.
2. Секој треба да ја покаже својата ранливост
Секој очекува водачот секогаш ќе биде самоуверен, упорен и решителен, но господин Роџерс често покажуваше колку е ранлив.
Сите сакаат сочувство, но не сфаќаат дека мора да покажат колку се ранливи. На пример, можете да кажете: „Загрижен сум за тоа и тоа“.
Но, никој не сака да му открие на светот колку е чувствителен.
3. Ако го отфрлите натпреварувачкиот дух, комуникацијата ќе биде успешна
Кога избувнува судир меѓу луѓето, општо е прифатено дека едната страна е исправна, а другата греши. Хенкс сфатил дека ако се ослободиме од оваа претпоставка, може да најдеме решение за проблемот.
Кога во расправијата луѓето ќе дојдат до точка да се подготвени да постигнат договор, тогаш зборовите звучат волшебно.
Прочитајте ги најдобрите животни лекции од Џулија Робертс.