Трикови за убавина што можеме да ги научиме од Иванка Трамп

Трикови за убавина што можеме да ги научиме од Иванка Трамп

Кога ќе го слушнете името Иванка Трамп, најверојатно први асоцијации ви се дијамантите, високите потпетици и скапоцените фустани, што и не е многу далеку од реалноста. Но, ќерката на Доналд Трамп има многу едноставен стил, не само на облекување, туку и во однос на начините на кои се негува и ја одржува својата витка линија. Таа не е само успешна деловна жена, туку и мајка на три деца.

Дами, погледнете кои трикови за убавина ги користи Иванка Трамп

Во текот на сите три бремености, па и после породувањето, Иванка без проблем ја вратила првобитната линија. Покрај редовните тренинзи, таа внимава и што јаде. За ручек и вечера најчесто избира протеини, како пилешко или риба. Нејзиниот режим на исхрана е многу едноставен – таа настојува нејзините оброци да бидат што поздрави, со помалку калории, но сепак хранливи. Супите од грашок и брокула ѝ се омилени, а најчесто купува органски производи. Кога станува збор за нејзините трикови за убавина, речиси секоја жена може да ги примени. Нејзините три омилени производи за разубавување се балсам за усни, руменило за истакнување на јаболкниците и пудра со заштитен фактор. Како многу зафатена деловна жена, таа настојува да носи што поудобна и поедноставна облека.

Дами, погледнете кои трикови за убавина ги користи Иванка Трамп

„Она што го облекувам наутро, во истото си играм со децата на подот, ги оставам во училиште и ги носам нивните торби со книги, а потоа одам на деловни состаноци. Облеката треба ‘да работи за нас’, затоа што честопати немаме време да се пресоблекуваме“, вели Иванка.

Таа не оди речиси никаде без накит, затоа што смета дека токму модните додатоци може да ја збогатат секоја поедноставна комбинација.

Деталите се клучни. Добрата чанта и убавото парче накит ја подигнуваат едноставната облека на повисоко ниво“, изјавува Иванка.

Дами, погледнете кои трикови за убавина ги користи Иванка Трамп

Она што можеби најмногу изненадува е тоа што не користи лак за нокти, затоа што, како што вели таа, нема време да го менува, а тој брзо се уништува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар