Трикови за полесно чистење кои ги користат нашите баби

Трикови за полесно чистење кои ги користеле нашите баби

Нашите баби немале избор на производи за чистење на домот, па затоа биле принудени да се снаоѓаат и да чистат со намирници и производи кои нам денес ни звучат необично. Овие стари трикови може да ви ја олеснат работата и да ви „купат“ време и пари. Зошто да не тестирате некој од нив?

Трикови за полесно чистење кои ги користат нашите баби

За паркетот

Подот од дрво може да биде чист и да сјае со помош на природно средство кое може да го направите самите. Измешајте неколку шолји оцет и сапун, а во смесата може да додадете и некое дополнително средство за чистење.

За микробрановата печка

Доколку барате едноставен начин за чистење на микробрановата печка без да изгребете некои делови, го имаме најдоброто решение за вас. Ставете оцет и вода во стаклен сад, кој потоа ќе го ставите во печката. Вклучете ја печката на неколку минути. Пареата која ќе се создаде ќе го исчисти уредот.

За каучот

Размислувате како да ги отстраните масните дамки од каучот? Нив може да ги исчистите со влажни марамчиња натопени во алкохол. Исушете го материјалот со фен.

За рерната

Исчистете ја маснотијата од стаклото во рерната со тврд сунѓер потопен во оцет и детергент. Користете топла вода доколку е потребно.

За четката во тоалетот

Четката во тоалетот може да има свеж мирис доколку во садот во кој стои ставите средство за чистење. Ова ќе го освежи мирисот во тоалетот, а истовремено четката ќе биде дезинфицирана.

За машината за перење алишта

Кога последен пат ја исчистивте машината за перење алишта? Пред да започнете со тоа, пуштете ја машината да испере со детергент, но без алишта. Потоа повторно вклучете ја машината, но овој пат во внатрешноста ставете малку оцет, а потоа со крпа исчистете го целиот простор.

За перниците

Доколку вашите бели перници добиваат жолта боја, следниот чекор ќе им ја врати свежината. Исперете ги перниците во сода бикарбона, избелувач и детергент. Утредента ќе бидат како нови.

За туш кабината

Посипете оцет насекаде и оставете го да делува преку ноќ. Дамките и нечистотијата ќе исчезнат во текот на ноќта.

За душекот

За да го исчистите душекот, ставете сода бикарбона и оставете ја да делува неколку минути. Потоа, исчистете го душекот со правосмукалка. Тоа е сѐ.

Прочитајте и за овие 10 совети за чистење со кои вашата кујна ќе заблеска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар