Трикови што навистина можат да ги подобрат вашите телесни функции

Трикови што навистина можат да ги подобрат вашите телесни функции

Според науката, умот има прилично големо влијание врз физичкото здравје. Телото и умот се многу поврзани и е навистина неверојатно како различните процеси во организмот може лесно да се контролираат и да се активираат. Овие неколку трикови ќе ви помогнат во тоа.

Трикови што навистина можат да ги подобрат вашите телесни функции

1. Користете ја вашата недоминантна рака за да јадете помалку

Ако сакате грицки и понекогаш не можете да го контролирате внесот на нездрава храна, постои одличен начин како да го направите тоа. Истражувачите тврдат дека помалку ќе јадете ако ја користите недоминантната рака додека јадете.

2. Ако имате забоболка, нанесете мраз на раката

Ова може да звучи прилично неверојатно, но истражувањата покажаа дека масажата со мраз на подрачјето помеѓу палецот и показалецот од страната каде што се наоѓа болниот заб во голема мера ќе ја намали болката што ја чувствувате.

3. Преспијте по учењето за подобро да ги запомните фактите

Еден експеримент покажа дека овој метод навистина функционира. Ако заспиете веднаш откако ќе научите нешто ново, ќе го запомните материјалот многу подобро отколку ако останете будни долго време по учењето.

4. Џвакајте гума за џвакање за подобра концентрација

Истражувачите сугерираат дека гумата за џвакање ќе ви помогне да бидете повеќе фокусирани на задачите за кои ви е потребна постојана концентрација, како што е читањето.

5. Моливот во устата може да ви го подобри расположението

Ако сте под стрес или во лошо расположение, ставете молив во устата. Едно психолошко истражување покажало дека држењето молив во устата ќе ве поттикне да оформите насмевка со усните и автоматски ќе бидете посреќни.

6. Запишете ги своите емоции пред испитот за да постигнете подобар резултат

Истражувачите од Универзитетот во Чикаго веруваат дека овој трик навистина функционира. За да добиете подобра оценка, запишете ги чувствата што ги имате пред испитот.

7. Слушајте со десното уво за да слушнете подобро

Секојдневната врева и постојаните прекини навистина може да влијаат на вашата способност целосно да разберете што слушате. Сепак, истражувањето открива дека и децата и возрасните подобро слушаат со десното уво.

Прочитајте ги овие 15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар