Претходно
Трик со кој совршено ќе го нанесете лакот за нокти буквално секој пат
Лакирањето на ноктите за некои девојки е многу едноставно и тоа го прават како професионалните маникери. Но, ако сте од оние кои со лакот ги опфаќаат и деловите околу ноктот и потоа губите време за да го отстраните вишокот, овој трик многу ќе ви помогне, а сѐ што ви треба е само вазелин.
За да ја избегнете неуредноста при нанесувањето на лакот за нокти, послужете се со производите кои веројатно ги чувате во орманот во вашата бања – вазелин или мелем и обично стапче за уво.
Постапка:
- Намачкајте го стапчето за уво со вазелин.
- Премачкајте го со него подрачјето околу ноктите (притоа внимавајте да не преминете на самиот нокт).
- Нанесете лак за нокти на вообичаениот начин.
Практично и без неред, нели?