Трик што ќе ви помогне да заспиете за само 6 минути

Трик што ќе ви помогне да заспиете за само 6 минути

Доколку имате проблеми со спиењето, сигурно мислите дека сте го пробале секој трик што постои. Но, ние ви ја претставуваме техниката „4-7-8“ која секојпат ќе ве успива. Иако не можеме да ви гарантираме дека сигурно ќе работи и кај вас, постојат многу докази кои можат да ја потврдат нејзината моќ. Луѓето велат дека оваа техника ги намалува грижите пред спиење и му дозволува на сонот да надвладее.

Оваа техника е многу едноставна и секој може да ја вклучи во ритуалот пред спиење. Само сместете се удобно во вашиот кревет, исклучете го светлото и затворете ги очите. Следете ги овие едноставни чекори и ќе се заспиете веднаш.

Што е несоница?

Несоница е медицински термин кој се користи за секое нарушување кое не ви дозволува да заспиете, или не ви дозволува да останете заспани. Луѓето кои страдаат од несоница често кажуваат дека лежат будни во својот кревет со часови без некоја причина, имаат премногу мисли што ги спречуваат да заспијат, како и стравови што не им дозволуваат да опуштат навечер. Има и луѓе кои немаат проблем да заспијат, но се будат помеѓу 2 и 5 часот наутро и не можат да продолжат со спиењето.

Како дишењето може да помогне?

Дишењето не е само клучен елемент при одржување на вашето тело во живот, туку исто така е и моќен сигнал што патува до вашиот мозок. Кога сте релаксирани, вие дишете многу побавно бидејќи немате потреба срцето и мозокот да ви работат брзо. Гледајќи го ова, вие можете да се релаксирате така што ќе го забавите дишењето, а со тоа и чукањето на срцето. Всушност, вие можете да го контролирате и вашето ниво на стрес само со промена на начинот на дишење.

Што е „4-7-8“?

„4-7-8“ е техника за дишење. Ако сакате да ја користите за да заспиете, само следете ги следните едноставни чекори. Запомнете ги додека сте будни за да ви биде полесно да ја следите шемата кога ќе бидете во вашиот кревет.

Чекор 1: Притиснете го јазикот на горниот дел од вашата уста

Прво притиснете го јазикот на врвот на вашата уста и држете ја затворена. Јазикот треба да ви остане во оваа положба во текот на целата вежба. На овој начин го стимулирате вагусниот нерв и предизвикувате смирувачко чувство во вашиот мозок.

Чекор 2: Издишете

Следно, издишете го целиот воздух од вашите гради. Целта е да почнете со целосно празни бели дробови. Луѓето кои вежбаат јога ќе ја препознаат оваа техника како начин за започнување на вежби со дишење.

Чекор 3: Вдишувајте низ носот 4 секунди

Вдишувајте 4 секунди. За овој чекор осигурете се дека вашата уста е затворена и дека вдишувате само низ носот. Зошто треба да го правите ова? Некои експерти веруваат дека ова е совршениот начин на дишење бидејќи воздухот влегува побавно и му дава на телото повеќе време да го извлече кислородот.

Чекор 4: Држете го воздухот 7 секунди

После вдишувањето од 4 секунди, паузирајте и држете го воздухот 7 секунди. Повеќето возрасни можат да го држат воздухот околу 30 секунди, па само 7 не би требало да биде тешко. Ако сепак не можете да издржите до 7, почнете со помали бројки (како 4) и постепено зголемувајте ги.

Држењето на воздухот е уште една техника што го стимулира вагусниот нерв испраќајќи сигнал за смирување низ целото тело. Ова му дава повеќе време на кислородот да навлезе во крвта. Држењето на воздухот повеќе од 7 секунди нема да има подобро влијание, бидејќи вашето тело може да почне да паничи и да бара воздух.

Чекор 5: Издишувајте 8 секунди низ устата

Отворете ја устата и нежно издишете го целиот воздух низ неа. Осигурете се дека издишувате слеано без сопирање. Пробајте да издишувате најбавно што можете и не го завршувајте издишувањето додека не стигнете до 8-та секунда. Но сепак, немојте да се грижите ако ви се потребни малку повеќе од 8 секунди.

Чекор 6: Повторувајте додека не заспиете

Сега штом ги знаете чекорите, следното е лесно. Легнете во вашиот кревет и повторувајте ја техниката „4-7-8“ одново и одново. Фокусирајте се само на броевите и на броењето. Со неколку повторувања би требало брзо да заспиете!

Прочитајте и кои личности најмногу страдаат од несоница.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар