Три причини поради кои сте постојано уморни

Три причини поради кои сте постојано уморни

Автор: Ана Петровиќ

Во последно време, сè почесто слушаме коментари како луѓето се исцрпени и уморни, и покрај препорачаниот осумчасовен сон. Постојат три причини кои дефинитивно влијаат на ваквата состојба.

Три причини поради кои сте постојано уморни

1. Верувале или не, можно е премногу време да поминувате во затворен простор. Недостатокот на витамин Д влијае на многу работи, посебно на имунитетот и на вашето расположение. Неопходно е барем 15 минути во денот да излезете на сонце. Во текот на зимскиот период, препорачливо е правилно хидрирање на кожата за да ја заштитите од надворешни влијанија.

Enjoyment - free happy woman enjoying sunset

2. Доколку вашата работа подразбира осумчасовно седење зад компјутерот, не дозволувајте вашето тело да страда и по работното време. Најголемите проблеми кои се јавуваат во текот на денот се болка во грбот, главоболки и чест пад на расположението. Ако сте дел од оние малкумина среќни личности кои живеат блиску до работното место, патот до дома нека ви се состои од пријатна прошетка на чист воздух.

(4) tri-prichini-poradi-koi-ste-postojano-umorni-kafepauza.mk

3. Вашата кожа е сува и се чувствувате слаби? Ваквата состојба укажува на намалено ниво на железо во крвта, која е една од водечките причини за замор, посебно кај жените. Она што лекарите го препорачуваат за подобрување на крвната слика е чај од коприва пред спиење и чаша црвено вино за време на ручекот.

tea


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар