Три благослови: Неверојатна вежба за самопомош
Дали некогаш сте помислиле дека сега, баш во овој момент, се наоѓате точно онаму каде што треба да бидете? Веројатноста за ова е многу мала. Сигурно трошите многу време и енергија размислувајќи за тоа како некое друго време било подобро или како сè во вашиот живот би било поубаво само ако…
Причината за одложување на вашата среќа е тоа што едноставно заборавате да уживате во овој момент. Веројатно често се соочувате со мисли како:
- Само да се запишам на факултет.
- Само да имам поголема плата.
- Само да сум послаб/а.
- Само да пронајдам љубов.
И на овој начин до недоглед ја чекате ваша среќа бидејќи секогаш има некоја причина поради којашто таа не е целосна. Деновите ви поминуваат размислувајќи за работи кои ги немате или за оние кои не ви одат од рака, како и за работи кои сакате да ги промените во вашиот живот. А многу малку ви се оние добрите, позитивните и оние работи кои се баш како што треба.
„Внимавај што посакуваш“ е позната изрека која на наједноставен начин може да ни покаже дека иако понекогаш ни се исполнуваат желбите, тоа не значи дека тогаш ќе бидеме среќни.
Зграпчете ја вашата среќа сега и на ја одложувајте. Сигурно постојат многу добри, убави и среќни околности во вашите животи на кои можете да го градите чувството на исполнетост и задоволство, само треба да ги спознаете. Со каков проблем и да се соочувате, во каква ситуација и да се наоѓате, имајте на ум дека сте точно онаму каде што треба да бидете.
Преземете одговорност, зграпчете го вашиот живот и радувајте му се, бидејќи на тој начин сите проблеми ќе бидат веќе решени. Ако сметате дека сето ова е претешко за вас, постои една вежба која функционира исто толку добро и кај негативните луѓе. Се разбира, им помага и на оние кои имаат позитивен став.
Вежба „Три благослови“ или „Што беше добро денес?“
Вежбата ја смислил Мартин Селингам, еден од основачите на Позитивната психологија и еден од највлијателните и најцитираните психолози на денешницата. Иако вежбите за благодарност можете да ги најдете во многу книги за самопомош, оваа вежба се издвојува. Различно е тоа што откако ќе запишете 3 настани за кои сте благодарни, треба да напишете и зошто. На пример:
Благодарност: Благодарна сум што уживав во кафето со пријателките.
Зошто: Затоа што го сакам друштвото на моите пријателки.
Штом ќе одговорите на уште едно мало прашање, добивате уште еден благослов. Направете го ова 3 пати. Запишете сè. Насмевката и доброто расположение се гарантирани. Пробајте ја оваа вежба и повторувајте ја барем 7 дена. А потоа гледајте како ќе ви се промени животот.