Три атрактивни кратки фризури што ќе станат многу популарни оваа година

Три атрактивни кратки фризури што ќе станат многу популарни оваа година

Луѓето секогаш сакаат да ја започнат новата година како нова личност и да променат сè што не им се допаѓало во текот на минатата година. Покрај промените во навиките и во однесувањето, добредојдени се и физички промени како што е промената на фризура, а овие кратки фризури ќе бидат популарни во текот на оваа година.

1. Ултра краток боб со шишки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hair • Nails • Face • Body (@mainpointsalon) on

Ваква фризура носеа некои од членовите на Битлси во шеесеттите години, а сега повторно се враќа во мода. Но, не грижите се затоа што кружнита фризура сега доаѓа во помодерна форма. Косата е подолга на страните и на задниот дел, а предниот дел е заоблен и краток. Направете и заоблени шишки затоа што тие ѝ даваат поженствен изглед на оваа фризура.

2. Непрецизен боб

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Schwarzkopf Pro Srbija (@schwarzkopfpro.serbia) on

Овој вид боб е омилен меѓу кратките фризури и се смета за сигурна и впечатлива промена, особено ако имате долга коса и досега не сте направиле драстична промена. Во текот на 2020 година, бобот ќе биде помалку прецизен, па предните прамени коса оставете ги подолги. Оваа фризура остава впечаток на поголем волумен на косата.

3. Кратки прамени

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mireia Agramunt (@mireia_agramunt) on

Иако оваа фризура е во тренд веќе неколку години, сепак годинава ќе биде со мали промени. Ако сакате модерна кратка коса, оставете ги предните прамени малку подолги, но не ја кратете премногу и косата на страните и на вратот. На овој начин ќе можете да правите локни или да ја соберете косата. Оваа фризура ќе биде драстична промена во вашиот живот, но ќе изгледате привлечно и женствено.

Погледнете ги и овие совети како да ја стилизирате кратката коса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар