Третмани на акните со масло од сусам кои се навистина ефикасни
Во последните години маслото од сусам се користи интензивно во производите за нега на кожата. Порано, се употребувало и за лекување кожни болести. Покрај благотворните ефекти врз косата, сусамовото масло е добро и за лекување акни. Во продолжение прочитајте ги неговите здравствени придобивки.
1. Може да помогне во лекување акни
Маслото од сусам се карактеризира со антиинфламаторни својства. Тоа може да помогне при намалување на воспалението поврзано со појавата на акните.
2. Не ги затвора порите
Докажано е дека рафинираното масло од сусам не ги затвора порите, а знаеме дека затнатите пори се честопати причини за појава на акни.
3. Може да ги залечи раните
Маслото од сусам содржи антиоксидативни својства. Едно истражување покажало дека маслото помага при заздравување рани од изгореници. Сепак, потребни се повеќе истражувања за да се дојде до сознанието дали маслото од сусам има слични ефекти врз сите видови рани.
4. Може да ги забави знаците на стареење
Сусамовото масло е познато по своите својства против стареење. Некои истражувања покажале дека ја штити кожата од штетното дејство на УВ зраците. Може делумно да ја спречи појавата на брчки како и други процеси на стареење на вашето лице. Исто така, маслото може да го намали и ризикот од рак на кожата.
Како да го користите маслото од сусам за да ги излечите акните?
Јаболков оцет и масло од сусам
Јаболковиот оцет има антимикробни својства, а маслото од сусам може да помогне во олеснување на воспалението. Потребни ви се: 4 супени лажици јаболков оцет, 4 супени лажици масло од сусам и 2 супени лажици вода. Измешајте ги сите состојки и сокот нанесете го на лицето. Оставете да делува 20 минути, а потоа измијте го лицето со вода. Доволно е да го правите ова еднаш во денот.
Оризово брашно и масло од сусам
Докажано е дека оризовото брашно може да помогне при апсорбирање вишок маснотии од лицето. Кога се користи во комбинација со масло од сусам, може да помогне во намалувањето на појавата на акни. Потребни ви се: 1 супена лажица оризово брашно и 2 лажици сусамово масло. Измешајте ги во еден сад и нанесете ја смесата на целото лице. Оставете ја смесата да делува 20 минути, а потоа измијте го со ладна вода. Доволно е да го правите ова еднаш во неделата.
Куркума и масло од сусам
Куркумата е позната по своите антисептички својства кои можат да помогнат при заздравувањето на вашата кожа. Како и маслото од сусам така и куркумата може да помогне при лекување на акните. За овој третман, потребни ви се: 1 супена лажица куркума и 4 до 5 супени лажици сусамово масло. Измешајте ги состојките и смесата нанесете ја на лицето, оставете да делува 30 минути, а потоа исплакнете го лицето со ладна вода. Доволно е еднаш дневно да го правите овој третман.
Мерки за претпазливост
Употребата на масло од сусам нема несакани ефекти и секој може безбедно да го користи. Сепак, доколку сте од оние кои имаат мрсна кожа, морате да внимавате и да го користите во мала количина.
Откако прочитавте за нашите совети како да го користите маслото од сусам во третманот против акни, ви препорачуваме да прочитате и совети за нега на кожа со масло од шафраника.
Извор: stylecraze.com