Трендови за есен/зима 2014-2015: Кои бои најмногу ќе се носат оваа сезона?

Трендови за есен/зима 2014-2015: Кои бои најмногу ќе се носат оваа сезона?

Ако погледнеме во колекциите на дизајнерите, скоро целиот круг на бои е застапен оваа сезона, не исклучувајќи ги секогаш присутните – белата и црната. Стандардно, есента носи малку потемни нијанси, но овој пат и по некоја светла, која ќе ја разбие монотонијата и во најтмурните денови.

0-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk

Еве кои бои се најзастапени во колекциите на модните дизајнери и како тие најдобро се комбинираат.

Алуминиумска сива

Од најсветла до најтемна, оваа футуристичка боја е комплексно-неутрална и е најпопуларната за сезонава.

1-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk 2-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk

Нијанси на сина (морнарска и кобалт)

Морнарско-сината е класична боја која секогаш е во тренд. Комбинирајте ја со бела за беверменски изглед.

Светлата кобалт сина има дискретна зелена поднијанса и претставува варијација на традиционалната кобалт сина.

3-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk4-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk

Црвена (аурора и сангрија)

Овие нијанси даваат гламур и свечен изглед.

Аурората е портокалово-црвена нијанса, која претставува класична есенска боја која дава доза живост меѓу останатите потемни бои.

Сангрија е убава нијанса на шумско овошје која побудува чувство на гламурозни авантури и далечни дестинации.

5-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk 6-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk

Блескава орхидеја и бежова магла

За доза женственост – овие бои лесно се комбинираат меѓусебно, но одлично изгледаат и самостојно во комбинации од глава до пети.

Блескавата орхидеја добро се комбинира со сини и сиви нијанси.

Бежовата магла е романтична и елегантна светловиолетова нијанса која дава женственост и добро се комбинира со сангрија и блескава орхидеја.

8-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk7-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk

Коњак кафена кафеава боја и нијанси на беж

Овие две бои даваат суптилна елеганција.

Коњакот е најпопуларна нијанса на кафена за оваа есен. Ова е многу топла боја која многу едноставно се комбинира со останатите нијанси во палетата.

9-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk10-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk

Чемпрес зелена

Класична, но силна есенска зелена нијанса. Освежувачка боја која лесно се комбинира со беж, жолта, аурора црвена и коњак боја.

11-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk 12-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk

Замаглено жолта

Најсветла за сезонава, создава рамнотежа помеѓу останатите темни бои од есенската палета.

13-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk

Класичните црна и бела

Секогаш во мода, било во посебни комбинации од глава до пети или во меѓусебен спој.

14-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk 15-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk 16-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар