Тренди комбинации инспирирани од 60-тите
Модата инспирирана од 60-тите е навистина популарна оваа есен, почнувајќи од колекцијата на Зои Дешанел за Томи Хилфигер. 60-тите остануваат запаметени по големиот контраст на хипи и софистицирани комбинации. Доколку сте се восхитувале на модата од „ Mad Men“, сакате да гледате насловни од тогашните модни магазини и сте љубители на ултра женствени комбинации, 60-тите се вистинската декада за вас. Еве како би ги вметнале во секојдневниот изглед.
Така слатко и неодоливо
Како основа на овој изглед одберете нежен фустан со набори во розова или крем боја. Краткиот капут одлично го надополнува овој изглед давајќи му шмек од 60-тите, исто како мини сината чантичка во коцкеста форма и ниските балетанки со остри врвови. Доколку сте посмели може да додадете и бели дизајнирани хулахопки, целосни или доколенки.
Училишна комбинација
Навидум изглед на девојка од светски познатите гимназии, оваа комбинација има школски шмек. Клучно е да одберете долги карирани панталони, ниски оксфордки и еднобојна памучна или плетена ролка за удобност. За крај одберете мала чантичка за преку рамо. Доколку сакате да одите чекор понатаму, класична фризура од 60-тите со марама за коса е вистинскиот избор.
Шармантно и женствено
Фустаните со низок струк (како овој прикажан на сликата) биле ултрапопуларни во 60-тите, но слободно може да ги вметнете во својот изглед оваа есен. Баш се слатки, женствени и создадени за флертување. Има нешто необично карактеристично во овој модел. За да ви биде топло во ладните есенски денови, искомбинирајте го со дебели хулахопки и обична бела кошула под фустанот. Ниски балетанки и неутрална чантичка се одлично надополнување, а црвениот кармин е само јаготка на шлагот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.