Тренд од минатото: неодоливите и практични „скортови“ повторно моден хит

Тренд од минатото: неодоливите и практични „скортови“ повторно моден хит

Ова лето еден изненадувачки тренд од минатото ги посети плакарите на девојките – мини скорт, комбинација од кратко здолниште и панталони со преклоп. Овој моден хибрид првпат се има појавено во 60-тите години на минатиот век, благодарение на популаризацијата на голфот како женски спорт. Тоа било идеалното парче облека за жените кои сакале да изгледаат елегантно и женствено додека истовремено можат лесно да се движат. Скортовите стануваат апсолутен моден хит во 80-тите и раните 90-ти, особено помеѓу младата популација, а потоа едноставно исчезнуваат.Тренд од минатото: неодоливите и практични „скортови“ повторно моден хитОва лето, Зара тотално нè изненади со нови модели на скортови, тренд кој оваа сезона го продолжија и други големи модни имиња. Направивме селекција од убави модели од ова парче облека вклопени во одлични модни комбинации. Од високи потпетици, класична чанта, кошула и сако, па сè до спортски маички, широки блузи или џемперчиња и патики – ова парче облека навистина добро се комбинира скоро со сè. Бонус, одлично изгледа на слаби девојки, но и на девојки со облини бидејќи моделите со коси парчиња напред визуелно ги издолжуваат нозете.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар