Трчањето може да ви помогне со скршеното срце
Скршеното срце е единствен и уникатен вид болка. Тоа е удар во стомакот, чувство кое ве прогонува секое утро и ви го одзема мирот. Без разлика дали е раскинување, смрт или друг вид загуба, постои дел во секој од вас кој прашува: Што можам да направам во овој момент? Една многу корисна идеја е трчањето. Со тоа што ќе трчате вие не се обидувате да избегате од ситуацијата, туку се соочувате со неа. Кога трчате сте самите со себе, со своите мисли и постапки и полесно можете да ги исфрлите емоциите кои ви надоаѓаат.
Поврзаноста на трчањето и тагата
Според една студија од 2010 година, кога личноста се соочува со скршено срце, мозокот одговара слично како и на одвлекувањето од кокаин. Со други зборови, потребно ви е да добиете многу добри работи. Психолозите Елен Вора и Алис Домар препорачуваат вежбање во такви моменти, со цел да се ослободите од стресот, а Алис наведува зошто трчањето е посебно.
„Трчањето го окупира вашиот ум потемелно отколку другите, послаби форми на вежбање“, вели таа.
Исто така тоа може да ви даде повремени позитивни чувства, во времето кога сте премногу тажни.
Колку треба да трчате?
Не сте маратонец? Не е важно! Психолозите советуваат дека не треба да вежбате премногу тешко и дека не постојат одредени правила, туку сѐ што треба е да го слушате вашето тело.
„Трчањето од 30 до 60 минути дневно, во период од пет дена, треба да има добро влијание врз вашата ментална вознемиреност“, вели Елен. „Некои луѓе сакаат да трчаат повеќе, со цел да се ослободат.“
Ако не се пронаоѓате во трчањето, еве уште неколку идеи
Доколку не уживате во трчањето, тогаш тоа дефинитивно не е најдобриот начин да се справите со тагата. Во таков случај, можете да се обидете со јога која ќе ве релаксира и ќе ви го смири умот. Исто така можете да се одлучите и за танцување. Правете нешто што ќе ви го ослободи вашиот ум и вашето тело од грижите кои ги имате!