Тортиљи со шумско овошје за појадок? Може!
Познатиот британски шеф Џејми Оливер веќе со години во својот фокус го има подигнувањето на свеста за здравата исхрана, како и рушење на мислењето дека таа е скапа или комплицирана. Со своите серија рецепти продолжува да нуди едноставни опции за секој ден, а ние одлучивме да ви предложиме еден утрински. Станува збор за тортиљи со јогурт, зеленчук и семки кои изгледаат доста примамливо.
Потребни состојки:
- 1 мандарина (може и портокал)
- 1 тортиља (по можност интегрална)
- 1 лажичка какао во прав
- 2 лажички јогурт
- 1 зрела банана
- 1 шака шумско овошје по желба
- 1 лажичка печени семки по желба
Подготовка:
1. Пресечете ја мандарината (или портокалот) на половина. Од едната половина исцедете го сокот и додајте малку какао во прав. Добро протресете ги овие состојки со затворен капак.
2. Во смесата додајте го јогуртот и повторно протресете.
3. Раширете ја тортиљата и рамномерно премачкајте ја со смесата.
4. На средината од тортиљата ставете ја банана и започнете лесно да ја гмечите со виљушка, но повторно внимавајте рамномерно да ја распоредите.
5. На крај, тортиљата посипете ја со шумско овошје и семки, па пресечете ја на четвртини и замотајте ја по желба.