Претходно
Тортилји со пилешко на медитерански начин
Одличен и вкусен извор на протеини за летните денови
Потребни состојки за две порции:
- 4 тортилји
- 450 г пилешко во форма на стапчиња
- 20 г магдонос
- 20 г свежи ливчиња нане
- 1 чешне лук, смелено
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици сок од лимон
- 1/2 лажичка сол
- 1 среден домат, исецкан на коцки
- 30 г млад спанаќ
Начин на подготовка:
- Во сад ставете ги магдоносот, нането, лукот, маслиновото масло, сокот од лимон и солта. Убаво промешајте.
- Во смесата додадете ги и стапчињата пилешко месо.
- Така подготвеното пилешко, пржете го во нелеплива тава, на средна температура, сѐ додека не биде готово.
- Ставете ги тортилјите на рамна површина. Најпрвин, поделете го пилешкото во сите 4 тортиљи, а потоа рамномерно распределете ги и спанаќот и доматот исецкан на коцки.
- Завиткајте ги како бурито. Внимавајте на страничните делови.
Совет:
За поугледно сервирање, може да ги исечете на половина под агол од 45 степени. Добар апетит!