Тортичка со Нутела во шолја која се пече за 90 секунди

Тортичка со Нутела во шолја која се пече за 90 секунди

Брзо, едноставно и вкусно

Тортичка со Нутела во шолја која се пече за 90 секунди

Потребни состојки:
  • 3 лажици млеко
  • една лажица маслиново масло
  • една лажица шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 1,5 лажица овесни снегулки
  • една лажица сечкани јаткасти плодови
  • ¼ лажичка прашок за печиво
  • 1/8 лажичка сол
  • ¼ лажичка цимет
  • прстофат мускатно оревче, доколку сакате
  • една лажица Нутела или некој друг крем
Начин на подготовка:

Во шолја ставете ги млекото, маслото и шеќерот и мешајте додека се соединат. Потоа додајте го брашното и мешајте додека се соедини со смесата, па потоа направете го истото со овесните снегулки, па јаткастите плодови, прашокот за печиво, солта, циметот и мускатното оревче ако го користите. Откако и овие состојки ќе ги измешате, додајте на врвот и една лажица Нутела. Чашата со смесата ставете ја во микробранова печка и печете околу 70-90 секунди на највисока температура, додека не се испече.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар