Торта со пишкоти и јагоди: Божествен вкус кој ќе ве фасцинира!

Торта со пишкоти и јагоди: Божествен вкус кој ќе ве фасцинира!

Ова е едноставен рецепт кој веднаш ќе ве освои.

Торта со пишкоти и јагоди: Божествен вкус кој ќе ве фасцинира!

Потребни состојки:

  • 400 грама пишкоти
  • 250 мл млеко
  • 5 лажици рум
  • 200 мл слатка павлака
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 150 грама шеќер во прав
  • 4 пакувања цврст јогурт (800 мл)
  • 2 кесички желатин
  • 400 грама јагоди

Начин на подготовка:

  1. Измешајте го румот со млекото. Земете од пишкотите и прекријте ги рабовите и основата на калапот откако кратко ќе ги натопите во млекото со рум.
  2. Слатката павлака изматете ја заедно со шеќерот во прав и ванилата, па додајте го и јогуртот постојано матејќи.
  3. Подгответе го желатинот според упатството и постепено соединете го со подготвениот крем.
  4. Ставете дел од кремот врз наредените пишкоти, па ставете насечкани јагоди и повторно пишкоти. Ставете го преостанатиот крем, завршувајќи со јагодите.
  5. Оставете ја тортата во фрижидер за да се излади неколку часа.
  6. Пред послужување може да ја украсите со прелив за торти од јагода.

Уживајте во вкусот!

Можеби сакате да го откриете и рецептот за француските колачи: „Paris Brest“ со крем од кафе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар