Торта со малини во три слоеви, совршен десерт без печење за вашите најблиски
Одлична торта за посебни пригоди
Потребни состојки:
За основата:
- 190 грама крекери или бисквити
- 25 грама шеќер во прав
- 20 грама млеко во прав
- 3 грама морска сол
- 55 грама несолен путер, стопен
- 55 грама слатка павлака
За чоколадниот крем:
- 465 грама слатка павлака
- 200 грама млеко
- 135 грама шеќер во прав
- 20 грама какао во прав
- 2 грама морска сол
- 135 грама жолчки од јајце
- 250 грама темно чоколадо, стопено
- 65 грама свежи или смрзнати малини
За филот:
- 100 грама белки од јајце
- 150 грама шеќер во прав
- 2 грама екстракт од ванила
- Прстофат морска сол
Начин на подготовка:
За да ја направите основата на тортата, искршете ги бисквитите или крекерите во процесор за храна со цел да добиете мали трошки. Потоа префрлете ги во сад со средна големина и додајте им шеќер, млеко во прав и сол. Измешајте ја слатката павлака во стопениот путер и додајте ги сите суви состојки, па мешајте сè додека не добиете комбинирана смеса. Поставете ја смесата во кружен сад за печење, обложен со хартија за печење и замрзнете го.
За да го направите чоколадниот крем, стоплете ги слатката павлака и млекото во сад со средна големина. Во друг, поголем сад, мешајте ги жолчките, шеќерот, кокосот и солта сè додека не се спојат и станат полесни. Кога мешавината со слатката павлака ќе почне да врие, тргнете ја од оган и полека додајте ѝ ја мешавината со јајцето додека постојано мешате. Престанете со мешање кога тие целосно ќе се соединат. Вратете го садот на оган и продолжете да готвите на ниска јачина, постојано мешајќи со гумена шпатула, сè додека мешавината не достигне 82 степени. Вратете го кремот во големиот сад така што ќе го сипете низ тенка цедалка. Додајте го и стопеното чоколадо и со помош на миксер измешајте добро. Покријте го садот и оставете го во фрижидер околу 3 часа. Откако ќе се олади чоколадниот крем, сипете го врз основата на тортата и израмнете го со мала шпатула. Додајте одозгора и малини и вратете го садот во фрижидер на околу 4 часа или цела ноќ.
За да го направите филот, ставете ги белките, шеќерот, солта и екстрактот од ванила во сад и со миксер добро промешајте. Потоа поставете го садот над друг сад со вода која врие, додека постојано мешате полека. Кога смесата ќе се загрее на 60 степени, тргнете ја и со миксер мешајте сè додека не се олади. Поставете го филот рамномерно врз чоколадниот крем и замрзнете ја целата торта на околу 2 часа, а потоа префрлете ја во фрижидер и оставете ја таму 4 часа пред послужувањето. За крај, декорирајте со неколку малини на врвот.