Претходно
Торта со кафе и кремаст фил готова за половина час
Обожувачите на кафе и слатки нешта преку овој десерт ќе го добијат својот совршен спој. Еве што ви е потребно за да ја подготвите оваа вкусна торта во која со додавањето на кафе кората станува мека и сочна.
Потребни состојки:
За кората:
- 250 г брашно
- прстофат сол
- 1 лажичка прашок за печиво
- 2 лажички сода бикарбона
- 75 г какао
- 300 г шеќер
- 230 мл масло
- 100 мл подготвено кафе
- 250 мл полномасно млеко
- 2 јајца
- 1 лажичка екстракт од ванила
За филот:
- 250 мл полномасно млеко
- 5 лажици брашно
- 115 грама путер (омекнат на собна температура)
- 115 грама маргарин (омекнат на собна температура)
- 200 г шеќер
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 лажичка какао за наросување
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 160 ᵒС.
- Ставете ги сувите состојки заедно во еден сад. Додајте го маслото, кафето и млекото, а потоа промешајте околу една минута. Додајте ги јајцата и екстрактот од ванила, а потоа промешајте уште 2 минути. И не грижи се дека смесата е прилично ретка затоа што ќе нарасне при печењето.
- Поделете ја смесата на 2 дела и истурете ја во 2 помали плеха. Печете ги корите околу 25-30 минути, па оставете ги да се изладат.
- Во меѓувреме, направете фил. Во тенџере, измешајте го млекото и брашно, а потоа ставете ги на тивок оган додека смесата не стане густа. Покријте ја смесата со фолија и ставете ја во фрижидер да се излади.
- Изматете го путерот, маргаринот, шеќерот и екстрактот од ванила во сад за да ја направите смесата кремаста. Додадете ја изладената мешавина од млеко и промешајте околу десетина минути.
- Ставете ја кората на чинија за торта, премачкајте го горниот дел со филот, ставете ја и другата кора, а потоа повторно нанесете од филот. Ако сакате, наросете ја тортата со какао.
Можеби сакате да го прочитате и рецептот за овој лесен ролат со свежо овошје.