Торта со чоколадо и кафе – слатко чудо што освојува на прв поглед

Торта со чоколадо и кафе – слатко чудо што освојува на прв поглед

Рај за очите, но и за желудникот

Потребни состојки:
За тестото:
  • 250 грама брашно
  • 100 грама шеќер во прав
  • 120 грама путер на собна температура
  • 1/2 пакетче прашок за печиво
  • 1 јајце
  • Прстофат сол
За филот:
  • 110 грама темно чоколадо
  • 55 милилитри млечна слатка павлака
За кремот:
  • 75 грама чоколадо со 40% какао
  • 23 грама путер
  • 1 жолчка
  • 60 милилитри процедено и оладено кафе
  • 95 милилитри цврсто изматена слатка павлака
  • 5 грама желатин
  • 20 милилитри слатка павлака

Начин на подготовка:

Просејте го брашното во сад и додајте ги омекнатиот путер, шеќерот во прав, прашокот за печиво и солта. Со миксер матете додека не добите хомогена смеса. Додајте јајце и замесете го тестото. Замотајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер на околу 15 минути.

Потоа извадете го тестото и развлечете го на две хартии за печење, со димензии колку тавата (околу 26 сантиметри за кружна и 24 сантиметри за квадратна тава). Ставете ги заедно со хартијата во тавите, лесно стиснете со прстите и малку избоцкајте го со виљушка. Печете во рерна на 170 степени, околу 15 минути. Извадете и оладете на собна температура пред да го ставите кремот.

За подготовка на кремот, најпрво сварете црно кафе, процедете го за да биде без талог и оставете го настрана за да се олади. Желатинот растопете го во две лажици вода и оставете го да отстои. Потоа започнете со топење на чоколадото, така што ќе го ставите во мал огноотпорен сад заедно путерот и поставете го над тенџере со врела вода, на среден оган, со цел да се стопи. Постојано мешајте за чоколадото да не загори, и откако ќе стопи целосно, тргнете го од оган, додајте му ја жолчката и промешајте.

Стопете го и желатинот, но внимавајте да не зоврие, па додајте го заедно со кафето и слатката павлака на стопеното чоколадо. Мешајте додека не добиете хомогена смеса, што ќе биде мазна и густа. Ставете го садот во фрижидер и повремено мешајте за смесата да не се стврдне. Кога ќе се олади, извадете ја од фрижидер.

За филот, загрејте ја слатката павлака, но внимавајте да не зоврие. Потоа тргнете ја од оган и додајте ѝ го чоколадото. Мешајте додека чоколадото не се стопи, а потоа 1-2 минути мешајте за да се соединат. Кога ќе биде готово, сипете го врз тестото во тавата и оставете го 10-тина минути на собна температура да отстои. Потоа сипете го кремот врз филот и повторно вратете во фрижидер на неколку часови.

Откако ќе се стврдне целосно, слободно декорирајте со дополнителни состојки, како овошје, јатки и шеќер во прав.

Добар апетит.

Ако ви се допадна овој рецешт, пробајте го и овој чоколаден чизкејк: Вкусна торта што се подготвува за само 20 минути (без печење!)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар