Торта со боровинки за доручек: Новиот хедонистички тренд на Инстаграм

Торта со боровинки за доручек: Новиот хедонистички тренд на Инстаграм

На профилите на Инстаграм се појави нов тренд, а станува збор за вкусна торта со боровинки за која познатата готвачка Габи Далкин вели дека е одличен доручек. Таа во својата книга „Eat What You Want” го споделува рецептот и ве охрабрува да јадете што сакате и да научите да уживате во храната.

Тортата е составена од крцкав и мек слој. Крцкавиот слој може да се подготви во поголеми количини и да се чува во фрижидер и да се користи по потреба. Боровинките можат да се користат свежи или замрзнати, но ако се користат свежи, тогаш времето за печење треба да се скрати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HuffPost Taste (@huffposttaste) on

Потребни состојки:

За крцкавиот слој:

  • 130 г брашно
  • 100 г шеќер
  • 50 г кафен шеќер
  • ¼ лажичка сол
  • 115 г стопен путер

За мекиот слој со боровинките:

  • 225 г брашно
  • 2 лажички цимет
  • 1 ½ лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка сол
  • 115 г матеница (можете да разредите малку млеко и да додадете сок од лимон во него)
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • 115 г путер на собна температура
  • 260 г шеќер
  • 2 големи јајца
  • 1 жолчка
  • 365 г боровинки

За преливот:

  • 60 г шеќер во прав
  • 2-3 лажички млеко

Начин на подготовка:

  1. Во еден сад измешајте ги состојките за крцкавиот слој. Ставете во фрижидер.
  2. Загрејте ја рерната на 175 степени.
  3. Потоа измешајте ги во друг сад сувите состојките за мекиот слој, а шеќерот и путерот мешајте ги во друг сад. Во нив додајте ги јајцата, а потоа и жолчката. Со рака мешајте ги сувите состојки и во нив додадете ги боровинките.
  4. Во подмачкана тава додадете ја крцкавата смеса, а потоа меката. Печете 1 час ако боровинките се замрзнати или 50 минути ако се свежи. По околу 40 минути печење проверете дали горниот слој не фатил премногу боја. Ако е така, покријте со фолија.
  5. Извадете од рерната, оставете малку да се олади и истурете го преливот. Можете да додадете и рендана кора од лимон или по избор. Добар апетит!

Пробајте го и овој рецепт за вкусен пудинг со семе од чиа и банана.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар