Торта „птичјо млеко“: Најкремастиот десерт во светот

Торта „птичјо млеко“: Најкремастиот десерт во светот

Се подготвува лесно и прилично брзо.

Торта „птичјо млеко“: Најкремастиот десерт во светот

Потребни состојки:

За кората:

  • 3 јајца
  • 125 грама брашно
  • 125 грама шеќер
  • 50 грама какао
  • 8 грама прашок за печиво
  • 30 грама стопен путер
  • 20 мл сируп од карамела

За кремот:

  • 5 белки
  • 300 грама шеќер во прав
  • 15 грама желатин
  • 20 грама какао

За глазура:

  • 100 грама чоколадо
  • 70 грама путер

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата и шеќерот, додајте ги стопениот путер, брашното, какаото и прашокот за печиво и измешајте сè со миксер. Истурете ја смесата во плех со дијаметар од 20 см со обрач, израмнете и печете 25 минути на температура од 180 °С. Извадете ја смесата на табла, премачкајте со сируп од карамела, а потоа вратете го назад обрачот од плехот.

Изматете ги белките со шеќерот во прав, додајте го изматениот желатин, а потоа половина од смесата нанесете ја на кората, а на другата половина додајте 20 грама какао и изматете. Истурете ја смесата на белиот фил и измешајте со лажица полека за да ги измешате смесите. Израмнете и ставете ја тортата во фрижидер два часа.

Растопете го чоколадото со путерот, па прелијте го на изладениот колач и вратете го во фрижидер уште 30 минути.

Погледнете го и овој рецепт за крем од бадеми без шеќер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар