Торта од кекси на која не ѝ треба печење
Слатко задоволство богато со многу фил и неодолив шмек на кафе
Потребни состојки:
- 400 г кекси по избор
- 3 дл сварено слатко црно кафе
- 250 грама путер
- 8 јајца
- 250 г чоколадо
- 250 г шеќер во прав
Начин на подготовка:
1. Белките одвојте ги од жолчките и матете ги додека не добиете цврст шлаг. Чоколадото стопете го на пареа.
2. Во соодветен сад изматете ги пенесто путерот и шеќерот во прав. Додајте ги жолчките и стопеното чоколадо, па потоа добро измешајте.
3. На крајот додајте го шлагот од белки и полека промешајте со дрвена лажица.
4. Во изладеното црно кафе потопувајте ги кексите и наредете ги на тацна за торта.
5. Врз кората од кекси, нанесете половина од подготвениот фил и рамномерно распоредете го. Истата постапка повторете ја уште еднаш за да се потроши материјалот.
6. Филуваната торта премачкајте ја со остатокот од фил и декорирајте по желба.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.