Претходно
Торта „Финска убавица“: Безбеден и брз рецепт што не може да не успее!
Оваа торта е едноставно создадена за моменти на уживање. Доколку сте вистински сладокусци тогаш ви препорачуваме веднаш да ја направите.
Потребни состојки:
- 8 големи јајца или 10 помали
- 300 г мелени ореви
- 220 г шеќер
- 300 г млечно чоколадо
- 50 г какао во прав
- 50 г печени лешници
- 200 г путер
- дополнителни 70 г млечно чоколадо
- 30 мл слатка павлака
- прстофат сол
Начин на подготовка:
- Одвојте ги жолчките од белките и ставете ги жолчките над тенџере со вода што врие заедно со 110 г шеќер. Изматете ги со миксер на умерена температура додека шеќерот не се растопи. Смесата не треба да биде премногу густа.
- Кога смесата малку ќе се излади, додајте 200 г путер на собна температура и изматете со миксер за убаво да се соединат состојките. Додадете 250 г растопено чоколадо, 50 г какао во прав. Матете уште 2-3 минути за да добиете совршено мазна смеса. На крај, додајте ги мелените ореви и измешајте со лажица додека смесата не стане компактна.
- Изматете ги белките со прстофат сол додека не се оформи снег, а потоа постепено додајте 110 г шеќер со постојано матејќи. Треба да се добие цврст снег. Додадете ги белките во чоколадната смеса. Лесно промешајте додека не се соединат состојките.
- Истурете две третини од смесата во подмачкан плех обложен со хартија за печење и убаво израмнете ја површината. Печете на 200 ᵒC, 10 минути, а потоа намалете на 180 ᵒC и печете уште 30 до 35 минути. Тестото малку ќе нарасне. Следете го тестото додека се пече. Треба да биде рамно и да нараснува рамномерно насекаде, а кога средината ќе започне да се движи, извадете ја од рерната.
- Преостанатата третина од приготвената содржина се користи како фил. Ставете го филот во пластична слаткарска кеса и оставете го да отстои во фрижидер околу 30 мин. додека кората се пече.
- Сомелете лешници, растопете 50 г чоколадо и додадете сè во преостанатата третина од чоколадната смеса. Убаво соединете ги состојките и повторно ставете ги во фрижидер додека кората целосно не се излади.
- Извадете го изладеното тесто од плехот, отстранете ја хартијата за печење и нанесете го филот насекаде рамномерно (и одозгора и од страните на тортата).
- Растопете 70 г млечно чоколадо со 30 мл павлака. Изладете го преливот и нанесете го врз тортата. Наросете со ореви, лешници или кокос.
Можеби сакате да го прочитате и рецептот за тортата со грешка и да дознаете зошто оваа торта од 4 состојки е најпопуларна во Италија веќе 100 години?