Претходно
Торта „Арапска бајка“: совршен кремаст десерт
Оваа торта е совршено задоволство кое може да се украси на два начина. Може да ја декорирате со чоколадна глазура и сецкани ореви или со шлаг-крем и мелени ореви… Изборот е само ваш!
Потребни состојки:
За кора:
- 2 јајца
- 150 г шеќер
- 150 г маргарин
- 4 лажици какао
- 250 г брашно
- кесичка прашок за пециво
За фил:
- 1 лимон
- 200 мл млеко
- 5 лажици пченичен гриз
- 150 г маргарин
- 200 г шеќер
За декорација:
- 100 г чоколадо
- 100 г сецкани ореви
- 40 г маргарин
- 2 лажици какао
- 1 лажица масло
- 6 лажици млеко
Начин на подготовка:
- За да ја направите кората, изматете ги јајцата и шеќерот во длабок сад , додадете го какаото и повторно промешајте.
- Во друг сад, измешајте ги брашното и прашокот за пециво, па додадете го маргаринот кој претходно сте го изрендале и месете со рацете.
- Додајте го во смесата со јајцата и соединете.
- Тестото поделете го на 3 делови, направете 3 кори во форма на круг и испечете ги на 180° околу 15 минути.
- За да го направите филот, млекото и шеќерот варете ги на тивок оган со постепено мешање.
- Откако ќе зоврие, намалете ја температурата на готвење и додајте го гризот и постојано мешајте додека смесата не се згусне.
- Изматете го маргаринот со сокот од лимон, па соединете со гризот. Смесата матете ја со миксер. Премачкајте ги корите со фил и наредете ги една врз друга.
- На крај декорирајте ја тортата.
- Чоколадото и какаото стопете ги со маргаринот, млекото и маслото и кога смесата ќе се излади прелијте ја преку тортата.
- Тортата можете да ја декорирате и со тенок слој шлаг-крем и да ја посипете со мелени ореви.
Можеби сакате да го дознаете и овој незаборавен десерт од детството: Меки вафли со цимет.