Претходно
Топол јаболков сајдер – совршен пијалак за зимските вечери
Јаболковиот сајдер има нежен вкус и ароматичен мирис и е совршено решение за есенскиот и за зимскиот период бидејќи може да ве стопли за време на ладните вечери.
Потребни состојки:
- 500 милилитри јаболков сајдер
- малку вода
- 1 стапче цимет
- 1 лажица кафеав шеќер
- каранфилче
- парчиња јаболко за украсување
- сушени портокали и анасон по желба
Начин на подготовка:
Ставете го јаболковиот сајдер во малку вода и додајте ги циметот и шеќерот. Загрејте додека пијалакот да се стопли, но не да врие.
Ставете ги парчињата јаболко во шолја и турете го јаболковиот сајдер.
Погледнете уште еден предлог за есенски пијалак направен од топло чоколадо и тиква.