Топло, удобно и шик: Како да носите пончо и шал оваа есен?

Топло, удобно и шик: Како да носите пончо и шал оваа есен?

Плетените дневни парчиња не излегуваат од мода и тие се идеални за оваа есен. Во зависност од тоа дали сакате плетеното да ве грее под јакната или капутот или пак повеќе ви се допаѓа да го носите одозгора, изберете шал или пончо.

1-toplo-udobno-i-shik-kako-da-nosite-poncho-i-shal-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

Пончото може да биде исцело и да се навлекува низ главата, со јака во вид на ролка или само со израз, а се носи како наметка. Напред може да биде отворено, да се врзува или да се преклопи со украсна шнола или брош.

2-toplo-udobno-i-shik-kako-da-nosite-poncho-i-shal-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

Шалот може да го замотате околу вратот и да ги оставите краевите преку јакната или капутот, доколку е доволно долг, широк и крупно плетен, но може и да го наметнете и да го закачите напред.

3-toplo-udobno-i-shik-kako-da-nosite-poncho-i-shal-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

Потенкиот шал може да го носите на истиот начин како марамата и тој одлично би се вклопил во вашата дневна комбинација доколку седите во просторија каде што не е премногу топло.

4-toplo-udobno-i-shik-kako-da-nosite-poncho-i-shal-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

Комбинациите со пончо и шал може да бидат премногу елегантни, но може да нагласат и опуштен и екстравагантен стил, во зависност од тоа дали ги носите со здолниште, панталони, елегантни чизми или рамни обувки.

4-toplo-udobno-i-shik-kako-da-nosite-poncho-i-shal-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар