Претходно
Топло чоколадо со чили: Необичен спој на слатко и луто
Замислете си чоколаден напиток со остар вкус на чили и арома на рум. Звучи добро, зарем не? За подготовка на овој неверојатен пијалак ќе ви бидат потребни само десетина минути, а со неговиот вкус ќе ги воодушевите сите.
Потребни состојки:
- 100 грама чоколадо
- 5 децилитри млеко
- 2 ванила стапчиња
- 2 лажици мед
- 10 грама мелено чили
- 2 грама сол
- 5 децилитри рум
Начин на подготовка:
- Загрејте го млекото, додајте ги стапчињата ванила и оставете ги да седат 10 минути.
- Процедете го млекото, додајте го чоколадото скршено на парчиња и 1,25 децилитри вода и повторно загрејте ја смесата со мешање.
- Кога ќе се стопи чоколадото, додајте ги медот, солта, чилито и румот и добро измешајте.
Пијалакот се служи врел.
Доколку сепак повеќе ви се допаѓа традиционалниот вкус на топлото чоколадо, пробајте го овој рецепт за топло чоколадо со Нутела.