Топено сирење во лепче
Највкусното растегливо зачинето сирење инспирирано од класичната бела пица
Потребни состојки за 4 парчиња:
- 120 грама полномасно сирење рикота (урда)
- 2 лажички ладно цедено маслиново масло
- 1 мала главица исечкан лук
- 1 лажица свеж босилок (или 1 мала лажичка сув)
- ½ лажичка суво оригано
- ¼ лажичка сол
- Свежо сомелен бибер
- 25 грама рендан пармезан
- 220 грама моцарела, тенко исечена на парчиња
- 8 средни парчиња тенко сечен леб
- 1 голема главица лук, лупена и исечена на половина
- путер
Начин на подготовка:
1. Во мал сад измешајте ги рикотата, маслиновото масло, сечканиот лук, босилокот, ориганото, солта и биберот. Ставете ја смесата во фрижидер да отстои барем еден час (или до 24 часа) за да се измешаат убаво мирисите и да се создаде уникатниот вкус.
2. Легнете ги лепчињата и со нож за путер нанесете ја подеднакво смесата на сите 8 парчиња.
3. Поставете од парчињата моцарела подеднакво на 4 од парчињата леб, одозгора попрскајте пармезан и затворете ги со останатите 4 парчиња како сендвичи.
4. Надворешната страна на сендвичите протријте ја со исечениот лук и потоа намачкајте значителна количина путер од двете страни.
5. Во тавче, на средно загреана рингла ставете ги сендвичите и потпекувајте ги со често вртење околу 10 минути или додека лепчињата да добијат златно-кафена боја, а сирењето да биде растопено.
Јадете ги веднаш додека се топли.
“ricotta” ne e nikakov vid na sirenje tuku e italijanski zbor za “urda”
Оставете нешто за наш стандард, ова е скапо