Претходно
Топчиња за изгореници: Супер спас кога ќе претерате со сончањето
Датум: 30 јул 2015
Коментари: 0
Кога ќе претераме со сончањето, изгорениците може да бидат многу болни, но и вистинско малтретирање во првите неколку дена. За да ја смирите болката, ви ги препорачуваме овие топчиња за капење.
Потребни состојки:
- 200 г сода бикарбона
- 240 г горчлива сол
- 120 г лимонска киселина
- Малку овес
- 1 лажица ливчиња од зелен чај
- 1 лажица цветови од лаванда
- 1-2 лажици кокосово масло
- Етерични масла по избор
Начин на подготовка и употреба:
Сите состојки измешајте ги, а потоа оставете ги да отстојат два часа. На крај формирајте топчиња. Ставете ги топчињата во кадата пред да започнете да се бањате, а вашата „изгорена“ кожа ќе ви биде благодарна.
Погледнете ја деталната постапка во видеото.