Топ трендови за оваа сезона
Модата константно се менува и не секогаш имаме можност целосно да сме во тек со најновите трендови. Но овие неколку работи се дефинитивно „must have“ за оваа сезона. Дозволете боите да заиграат во вашиот плакар и отворете ја сезоната пролет-лето со впечатливи дезени!
1. Шминка во пастелни бои
Кармин, сјај за усни, сенки за очи во пастелни бои… Ќе бидете впечатливи и забележани.
2. Обувки со впечатливи бои
Розови, сини, жолти… привлечете го вниманието кон вашите потпетици!
3. Облека на риги
Никогаш нема да погрешите со одбирање на едноставен дезен на риги.
4. Боја на ментол
Ментол зелената е ин оваа сезона. Одберете парчиња облека во оваа боја кои делуваат навистина освежувачки.
5. Црно-бела комбинација
Оваа комбинација едноставно не излегува од мода, затоа е секогаш добредојдена во вашиот гардеробер.
6. „Обратен“ француски маникир
Секогаш е супер да се направи нешто необично и да се свртат нештата наопаку, нели? Пробајте еден поинаков француски маникир.
7. Цветен дезен
Во пролет или лето, секогаш имаат предност цветните дезени, без разлика дали станува збор за фустан, здолниште, обувки или маица.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.