Претходно
Топ совети: Како да го спречите размачкувањето на шминката околу очите?
Нема ништо полошо од тоа кога шминката ќе се размачка околу очите! Размачкана маскара, сенка за очи или ајлајнер за никого не се привлечни, па затоа добро внимавајте. Без разлика дали причината за размачкувањето е влажноста на воздухот, солзите, смеата, дождот или едноставно неквалитетната шминка, би требало да внимавате на тоа како ги шминкате вашите очи. Денес ви откриваме неколку совети и начини на кои ќе можете да го спречите овој „неред“ на лицето.
1. Маскара
- Кога избирате маскара, обидете се да ја најдете онаа која во себе содржи силиконска база, бидејќи таа не се размачкува.
- Користите безбојна пудра на пределот под очите, бидејќи ќе го впие вишокот масло од коректорот, кремата, пудрата и слично.
- Одберете водоотпорна маскара ако вашите очи често солзат.
- Кога ја нанесувате маскарата, навалете ја главата малку наназад. Ова ќе ви помогне таа да не ви се „преслика“ на долниот капак.
2. Сенка за очи
- Пред да ја нанесете сенката за очи, проверете дали коректорот или прајмерот кој претходно сте го нанеле, добро се впиле во кожата на капакот.
- Немојте да користите премногу прајмер на капаците, бидејќи сенката за очи нема добро да се разнесе на целата површина.
- Ставете трошка безбојна пудра за да ја фиксирате сенката за очи.
3. Ајлајнер
- Сувата база ќе го спречи размачкувањето на ајлајнерот (нанесувањето на прајмерот е клучен чекор)
- Прво нанесете гел ајлајнер или моливче, а потоа преминете на течен.
- Доколку ви солзат очите, одлучете се за водоотпорен ајлајнер.