Топ 7 фустани за пролет/лето 2013
Со душа чекате да дојде викенд за да се дотерате и да заборавите на сите грижи и проблеми. Сега срцето може слободно да ви заигра од возбуда, ова се најдобрите седум модели на фустани за пролет/лето 2013.
1. Балмаин (Balmain)
Жолтата е најжешка боја за сезоната пролет/лето 2013, а овој микро мини-фустан е удобен, секси и тренди.
2. Викторија Бекам (Victoria Beckham)
Овој „гол“ фустан е еден од препознатливите модели на Викторија Бекам. Мора да признаеме, истовремено е софистициран и секси.
3. Сен Лоран (Saint Laurent)
Овој модел е за похрабрите девојки. Макси фустан со карнери и кожен појас – навистина шик.
4. Ланвин (Lanvin)
Интересен и женствен модел кој ги истакнува женските облини и ги нагласува вистинските места.
5. Диор (Dior)
Интересен модел на капут-фустан кој најдобро би се вклопил во вашиот дневен изглед.
6. Емилио Пучи (Emilio Pucci)
Што е погламурозно од долг бел фустан совршен за вечерна забава, особено во лето?
7. Џеј Мендел (J Mendel)
Слатки пастелни нијанси. Нане-зелената ќе биде огромен хит идната пролет.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.