Топ 6 совети за видливи резултати од вежбањето
Виновникот за грчевите во мускулите или болките после тренингот може да биде тоа мало шише со вода, кое незаслужено останало нечепнато во текот на вежбањето. Подобро е да направите една вежба како што треба отколку десет погрешно. Еве на што би требало да внимавате, ако сакате да постигнете резултати.
1. Не виткајте го грбот
Дали и вие сте од оние кои премногу се навалени кон опремата или ги прават вежбите подгрбавено? Време е да се исправите и да вдишете длабоко. Не само што ќе добиете повеќе енергија, туку и ефектот од вежбањето ќе биде подобар. Додека стоите подгрбавени, не вдишувате правилно и со самото тоа ги спречувате мускулите да се затегнат. Затоа, рамената наназад, а градите и стомакот нанапред и вашето вежбање ќе биде поделотворно.
2. Не држете ја опремата прецврсто
Отчукувањата на срцето може да бидат многу посилни доколку цврсто се држите за шипката или за кој било друг дел од опремата. Вашата рака нема да биде опуштена, туку напрегната и со самото тоа ќе го оптоварите срцето, кое ќе чука побрзо отколку што треба. Тоа автоматски ќе доведе до побрз замор и ќе ви ја истроши енергијата што ви е потребна за да ги довршите вежбите докрај. Дозволете му на целото тело да биде актер во тренингот и не саботирајте ги рацете.
3. Немојте да ги правите вежбите пребрзо
Нема да бидете ниту малку подобри од другите ако вежбате со побрзо темпо. Всушност, таквиот начин на вежбање е полесен и помалку ефективен. Пребрзото повторување на движењата го покачува крвниот притисок и го зголемува ризикот од воспаленија и повреди. Обидете се секој сет вежби да го направите побавно. Ќе почувствувате како телото побргу ви се затегнува и колку е потребна поголема издржливост за лесен тренинг.
4. Престанете да правите константно исти вежби
Збогатете ја вашата фитнес програма. Немојте да форсирате само еден тип вежби, туку обидете се вашите минути за рекреација да поминат во разновиден тренинг. Нема потреба да правите и стомачни и вежби за затегнување на задникот и вежби за слабеење, доколку сето тоа не ви е потребно. Но, затоа пак можете да пронајдете многу разновидни вежби наменети за некоја одредена област од телото на која најмногу сакате да се посветите. Вашето тело на тој начин многу побрзо ќе ја постигне посакуваната форма.
5. Не прескокнувајте го загревањето
Секој пат кога ќе го прескокнете загревањето, имајте на ум дека го оптоварувате вашето тело да работи пред кислородот и крвта да стигнат до мускулите. Најверојатно не сакате да го подигнете пулсот пребрзо и да се изморите. Издвојте од 5 до 10 минути за неопходното загревање, за на тој начин постепено ја подигнете температурата на вашето тело на потребното ниво.
6. Не прекинувајте ги вежбите нагло
Од лентата за трчање задишани одите во кабината за пресоблекување и седнувате на клупата. Овој потег треба веднаш да го заборавите, бидејќи е вистински фитнес злочин. Воспаление на мускулите ќе ве пречека секој пат кога нагло ќе ги прекинете вежбите. Дајте му можност на вашиот пулс да се смири, па затоа при крајот на тренингот намалете го темпото со побавни вежби.