Топ 10 стилови на шишки за оваа сезона
Оваа сезона не избегнувајте ги шишките. Од вообичаените секојдневни активности, па сè до вечерните излегувања и свечените прилики, тие можат совршено да ја надополнуваат вашата фризура во секоја пригода. Исто така тие одлично ќе стојат на вашето лице, ќе ги истакнуваат вашите јаболчници и ќе ги нагласуваат вашите најдобри линии. Шишките имаат интересна моќ, тие прават сè да изгледа малку помеко и понагласено. Вашиот изглед може многу да добие од нив и не само што лицето ќе ви изгледа посиметрично, туку и вашите очи ќе бидат многу полесно воочливи.
Тренд #1 – Шишки со голем волумен
Овој стил на шишки може да изгледа многу секси доколку имате долга коса. Шишките со голем волумен изгледаат одлично кога се малку пораснати, па токму затоа дозволете им слободно да израснат без да ги кратите во рамна линија. Можете да направите неколку фризури кои ќе одговараат со овој стил на шишки. За вечерно излегување соберете ја косата во коњско опавче или пак, во висока пунџа, а во текот на денот доволно е само да ја исфенирате со тркалезна четка.
Тренд #2 – Шишки на страна
За луксузен европски стил, направете едноставни шишки на страна. Овој стил одговара на голем број фризури кои се направени со патец на страна. Доколку сакате малку да експериментирате со вашиот изглед, пробајте некоја винтиџ фризура со виткани краеви на косата или пак, додадете брош или баретка.
Тренд #3 – Шишки во плетенка
Оваа сезона, плетенките се огромен тренд. Освежете го вашиот изглед така што ќе направите странична плетенка од вашите шишки. Откако ќе завршите, не заборавајте да ја зацврстите со црни шноли и малку спреј за коса. Овој стил на шишки одговара на сите должини на коса, без разлика дали е виткана или права.
Тренд #4 – Пинап шишки за висока мода
Овие шишки се истовремено секси и класични и можете да ги забележите кај голем број ѕвезди како Кети Пери, Гвен Стефани и Бети Пејџ. Најчесто се скратуваат под екстремен лак и потоа се обликуваат со големи витлери или фигаро за да се добие мало заоблување на врвовите. Можете да ги комбинирате со голем број фризури, почнувајќи од обично исфенирана и пуштена коса, па сè до коњско опавче или пунџа.
Тренд #5 – Девојка во движење
Бушавите, нерамни и асиметрични шишки се освежувачки пресврт на класичната фризура. Овие шишки го структурираат вашето лице многу подобро од останатите видови шишки и најдобро стојат на коса со средна должина. Тие се лесни за обликување и одржување и токму поради тоа се совршени за сите оние девојки кои се постојано во брзање.
Тренд #6 – Бушави шишки
Доколку сакате подобро да го доловите изгледот на „лоша девојка“ тогаш овие шишки се одличен избор за вас. За поголем ефект, извиткајте ги краевите на косата со гел или восок, а потоа додадете и лак за коса.
Тренд #7 – Супер кратки шишки
Славните девојки како Кира Најтли, Кристина Агилера и Ема Вотсон го обожаваат овој ултракласичен изглед, познат и како бебешки шишки. Кратките шишки ќе го отворат вашето лице и ќе ги истакнат сите ваши позитивни црти. Овој изглед е многу лесен за одржување бидејќи шишките едноставно ќе лежат врз вашето чело.
Тренд #8 – Рамни краеви
Моделите и славните личности многу сакаат да се појавуваат на црвениот тепих со рамни и густи шишки. И покрај тоа што овој изглед бара многу одржување, сепак вреди да се проба. Овие шишки најдобро стојат на кратка, права и здрава коса.
Тренд #9 – Шармантна убавица
Без разлика дали сте инспирирани од слободната љубов во 60-тите години или пак, од женствениот шарм на божиците од грчката уметност, со овие шишки вие дефинитивно се истакнувате. Носете ги со брановидна „мокра“ коса. Секси витканата коса без сомнение има високо место во светот на модата.
Тренд #10 – Шишки повлечени наназад
Ова можеби ви звучи како чуден концепт, но дизајнерите на модните писти со години се потпираат на овој изглед, бидејќи повлечената коса наназад го истакнува и издолжува лицето. Исправете ја вашата коса како и секогаш и употребете црни шноли за да ги зацврстите вашите шишки наназад. Испрскајте ја косата со цврст спреј и исчешлајте. Откако ќе се исуши, отстранете ги шнолите и оставете ги шишките слободно да паднат наназад. Не заборавајте да носите спреј за коса во вашата чанта бидејќи ветерот може многу лесно да ја расипе оваа фризура.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.