Топ 10 најубави и најлесни туторијали за пролетен маникир
Напролет ги напуштаме темните бои и се вртиме кон пастелните, лесни бои кои се во хармонија со заживеаната природа околу нас. Овие 10 стилови на пролетен маникир се одличен избор за пролетните денови, а се многу лесни за правење, секако доколку имате барем малку трпение и волја.
1. Пролетен мозаичен маникир
Колку што е важно да го изработите прецизно, толку важно е и да ги погодите боите. За да добиете прави линии, користете лепливи ленти за маникир, а што се однесува до боите, ние ви препорачуваме да одите со оваа комбинација од корална, розова, жолта и златна.
2. Дијагонален француски маникир
Ова е разиграна пролетна верзија на класичниот француски маникир. Започнете со нежна розово-виолетова и потоа наместо право, обојте закосен агол во нежна кајсија боја.
3. Обратен шеврон маникир
Одлична комбинација на нежна розово-виолетова, розова со светки и црна на краевите за свеж и софистициран изглед.
4. Црни пруги во разни варијанти
Користете иста основа и иста боја за исцртување на пругите, но самите линии разиграјте ги во различен стил на секој нокт.
5. Цветен маникир
Ова е драматична верзија на цветниот маникир. Обојте ги ноктите со темен лак, црн или темносин, а потоа нацртајте цветчиња притоа оставајќи некои нокти само со основата.
6. Месечинки и пруги
Овој едноставен маникир изгледа толку елегантно и софистицирано, а тоа е така благодарение на деликатните бои и нежните тенки линии.
7. Брокат маникир
Антички изглед во кремасто-минт варијанта… Овој брокатен шаблон нема прецизни упатства, па можете слободно да цртате и да правите завиткувања и да додавате цветни мотиви како што ви душа сака.
8. Икат маникир
Замачкани рабови и светли контрастни бои. Икат стилот одлично се пресликува и на ноктите. Започнете со боја со среден интензитет, додадете дамки во саканите бои и завршете со тенка четка за цртање и црн, кафен или морнарско син лак за да ги изработите контурите.
9. Апстрактен маникир
Овој маникир инспириран од модата во 80-тите е тотално шик. Започнете со посветла нијанса, а потоа врз ноктот залепете селотејп притоа креирајќи геометриска фигура за да нанесете слој од вториот лак. Повторете го ова со трет слој. Повторно, секој нокт не мора да биде идентичен. Ефектот е многу посилен со повторување на правилните форми на неправилен начин.
10. Комбинација од налепници за нокти и лак
Ова е одличен начин да се искористат готовите налепници за нокти во малку необичен стил. Обојте го ноктот во една боја и потоа залепете од лепенките оставајќи млади месечинки во коренот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.