Толку се вкусни: Палачинки од тиквички и сирење
Ви споделуваме рецепт за палачинки од тиквички и сирење кој е лесен и брз за подготовка.
Потребни состојки:
- 700 грама тиквички
- млад кромид
- 250 грама фета сирење
- 130 грама брашно
- магдонос
- 1 лажица мелен пипер
- 3 јајца
- лимон
- сол и пипер
- масло за готвење
Начин на подготовка:
1. Изрендајте ги тиквичките, посолете ги и оставете ги на крпа околу 20 минути за да се исцедат.
2. Измешајте го кромидот со фета сирењето, па додадете ги магдоносот и мелениот пипер. Додадете брашно, сол и црн пипер и изматените јајца. Добро промешајте ги состојките.
3. Добро исцедете ги тиквичките и додајте ги во смесата.
4. Со лажичка додавајте од смесата во тава со загреано масло за да добиете мали палачинки. Пржете околу 2 минути од секоја страна, на тивок оган. Послужете со лимон. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот рецепт за палачинки од тиквички и сирење, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за руски палачинки со сос од печурки и пилешко месо.
Извор: punkufer.dnevnik.hr