Толку кремаста: Рецепт за салата од компири со ѕаѕики сос
Наместо обичен прелив составен од масло, оцет и зачини, пробајте компир салата со ѕаѕики, односно традиционален грчки сос од јогурт, краставица и копар.
Потребни состојки:
- 1 килограм компири
- 200 мл грчки јогурт
- 50 мл павлака
- 1 свежа краставица
- 1 лажица свежо цеден сок од лимон
- 1 лажичка оцет
- 1 лажица свеж копар
- 1 чешне лук
- сол и бибер по желба
Начин на подготовка:
1. Сварете ги компирите на вообичаениот начин и оставете ги да се изладат целосно.
2. Во голем сад изрендајте ја свежата краставица и исцедете го вишокот вода.
3. Измешајте ги јогуртот и павлаката со сокот од лимон, оцетот, ситно исечканиот лук, ренданата краставица и сите зачини.
4. Измешајте ги изладените и исечкани компири со сосот и ставете ги да стојат во фрижидер неколку часа пред да ги сервирате.
Погледнете како да ја направите оваа протеинска салата со никулци од наут.