Токсични навики кои мора да ги заборавите во дваесеттите
Во дваесеттите повеќе не сте адолесцент и треба да ги исфрлите навиките кои го „трујат“ вашиот живот. Ние ви предлагаме неколку со кои најверојатно сте се соочиле и самите.
1. Останување до доцна само поради друштвото
Друштвото нема да ви го надомести сонот, а и самите имате сфатено дека останувате до доцна само поради тоа што и другите остануваат, иако забавата е одамна завршена. Едвај чекате да се истуширате и да читате пред спиење и тоа ви е далеку попривлечно од друштвото кое одамна почнало да ви досадува. Нема причина да го правите тоа, иако викендот е резервиран за забава до зори.
2. Купување непотребни работи
Немате што да облечете, иако гардероберот ви е полн со некои работи, кои не се сеќавате кога и зошто сте ги купиле, а сте ги облекле само еднаш. Многу е подобро да купувате работи кои можете да ги комбинирате и точно да знаете колку дневни парчиња имате и за кои прилики ви се наменети.
3. Дрогирање
Рекреативното консумирање на омилените дроги после дваесеттата треба да биде внимателно и повремено, наместо задолжителен дел од забавата. Во вашето опкружување има личности кои одамна заглавиле со зависност, а вие не сакате да живеете таков живот. Подобро, како некој кој веќе завршил со фазата на експериментирање, да станете заговорник за здрав и трезен живот.
4. Избегнување независност
Во доцните дваесетти нема да се чувствувате добро ако сте размазени и родителите и понатаму ви покриваат најголем дел од трошоците, додека вие избегнувате да ја преземете полната одговорност за себе и сѐ уште се потпирате на нив. Кога ќе почувствувате дека тоа вам ви пречи, тогаш веќе сте на патот кон созревањето.
5. Избегнување на семејството
Се разбира дека тие нас нѐ сакаат и сѐ ни опростуваат и дека се здодевни со инсистирањето на семејните средби. Ќе го промените ставот кога некој ваш пријател ненадејно ќе ги загуби родителите и ќе ве погоди помислата за губење на некој член од вашето семејството. Затоа мора да им го посветите она време и внимание кое им го должите.