Токму чудаците и оние што целосно се издвојуваат ќе го променат овој ригиден свет
Ако сакате да го промените светот, грижете се помалку за начинот на кој се вклопувате и повеќе за тоа како се издвојувате. Вие не можете да влијаете никако ако бидете различни од тоа што навистина сте. И кршењето парчиња од себе за да почнете да припаѓате во свет што не ви одговара, само ќе ве раскрвави – вие повторно ќе останете на истото место, надвор од калапот.
Никогаш не заборавајте дека вашата убавина се крие во вашата чудност. Вие сте неверојатни затоа што сте уникатни и не можете да бидете категоризирани затоа што сте единствени. Мааните што ги поседувате ви се најпрекрасното оружје, а лудите идеи – нешто извлечено од самите легенди. Не грижете се ако луѓето ве исмејуваат или игнорирајте ги ако се детерминирани да ви најдат место во кое ќе одговарате, бидејќи со тоа само ве влечат надолу.
Размислете, во видео игрите знаете дека одите во вистинската насока кога ќе сретнете пречки и непријатели. Истото се случува и во денешниот свет. Погледнете ги само најуспешните луѓе – тие се избориле за да стигнат онаму каде што се сега. По пат биле исмејувани и малтретирани, биле предадени од луѓе што ветиле дека ќе ги сакаат и неретко се чувствувале разочарано. Тие ги изгубиле своите работи и допреле до дното, и тоа не било само еднаш, но и покрај сите препреки, си изградиле свое име и постигнале успех!
Вие не можете да стигнете до врвот ако сите ве сакаат и прифаќаат. Хероите и најинтелигентните луѓе имаат тенденција да бидат осамени суштества бидејќи одбиваат да се движат по текот на реката, па затоа и најчесто не се дел од вообичаената толпа. Дури и да успеете да бидете сакани од сите, и тоа не е добро – на тој начин никогаш не би си ги поместиле границите или не би избегале од удобната зона само колку да дознаете што можете да видите надвор од неа. Со тек на време може дури и да се изгубите во мислењето на другите и да ја изгубите способноста да станете нешто повеќе од тоа што сте.
Единствениот начин да најдете мир во светот, и истиот притоа да го промените, е доколку продолжите да бидете оние што навистина сте. Без извинувања, без изговори. И со тек на време ќе го најдете вашето племе, ќе ја најдете вашата страст и ќе откриете точно што ја придвижува вашата душа.
Прочитајте и за овие неколку видови чудаци кои со сигурност ќе ги сретнете на работното место.