Тоа е чудо од растение и лесно може да се одгледува: Еве зошто е добро да одгледувате чуваркуќа!
Оваа исклучителна билка е повеќегодишно растение. Обично расте до максимум 25 сантиметри. Има многу варијации, но најмногу се карактеризира по дебелите лисја кои се полни со вода и цветот во форма на ѕвезда.
Добро ги поднесува и внатрешните и многу ниските надворешни температури, што го прави ова растение многу издржливо и долготрајно, а тоа го означува и неговото латинско име Semprevivum tectorum (секогаш жив).
Оваа билка, која има најмалку 30 варијации, покрај тоа што е украсна и убаво ќе се вклопи во амбиентот на вашиот дом, е позната и како стар народен лек, пред сè поради нејзините корисни својства кои помагаат при инфекции, ја намалуваат болката, воспалението и има добри деуретички својства.
Нашите баби правеле чаеви, тинктури, креми, масти и сирупи од ова лековито растение. Точно заради неговите лековити својства, кои се многубројни. Покрај неговата примена во традиционалната медицина и современата медицина ги проучува лековитите својства на ова растение, бидејќи истражувањата покажале дека има многу силен ефект врз одбраната на организмот од канцерогени клетки, како и при подобрување на нарушениот имунолошки статус. Ова растение е многу лесно за одгледување и одржување и не бара особена грижа. Може да го засадите во мали садови, па дури и во тегли. Неговите лисја се употребуваат во текот на целата година.
Значи, ако одлучите да засадите чуваркуќа – ќе имате убаво и благодарно украсно растение, кое истовремено ќе ви послужи и како лек за прва помош!
Можеби сакате да прочитате и за магичната шипка. Од неа можете да направите чај, тоник, лосион, мармалад, па дури и вино!