Претходно
Тиропита за појадок или вечера: Грчка пита со сирење
Ова е едноставен и вкусен рецепт со кој ќе ги воодушевите вашите најблиски. Ви предлагаме веднаш да го направите овој вкусен грчки специјалитет и тоа без готови кори за пита.
Потребни состојки:
- 5 јајца
- 200 грама брашно
- 400 г фета сирење
- 200 г кашкавал
- 1 шолја павлака (180 мл)
- 100 мл масло
- 1 лажичка прашок за печиво
Начин на подготовка:
- Лесно разматете ги јајцата во длабок сад.
- Додајте го фета сирењето надробено со вилушка, ренданиот кашкавал, павлаката, маслото, брашното, прашокот за печиво и измешајте ги состојките.
- Премачкајте ја тавата со дијаметар од 30 см со малку масло и истурете ја смесата.
- Печете на 180 степени околу 45 минути.
- Уживајте во неверојатниот вкус!
Можеби сакате да го прочитате и овој совршен предлог за денешниот ручек: Пица со месо.