Тиркиз, тиркиз, тиркиз! Ова лето одберете тиркизен накит!
Тиркизот е многу редок полускапоцен камен и многу ценет поради својата единствена нијанса. Без разлика дали ја сакате оваа боја или не, тој со сигурност ќе го привлече вашето внимание. Кога се во прашање трендовите и одбирањето накит, ако одберете тиркиз сигурно нема да погрешите, затоа што тој е секогаш ин. Можете да го комбинирате со злато и сребро, а тогаш и неговата лековитост се засилува.
Зборот тиркиз датира од XI век и е француски збор што во превод значи „турски“ затоа што овој минерал во Европа е донесен од Турција. За него се смета дека е еден од најстарите минерали кој потекнува од Персија и Египет.
Кај фараоните овој камен бил многу ценет, па тие го носеле на своите круни и верувале дека ги штити од лоши влијанија.
Во секоја култура овој камен е вреднуван поради својата магична боја. Со години луѓето сметале дека тиркизот има лековити својства и влијае на ослободување од негативната енергија и мисли. Верувале дека носи среќа, влева храброст, ги зацврстува пријателствата и се смета за симбол на радоста на животот и богатството.
Тиркизот помага при болести на грлото, го зајакнува имунитетот, ги зајакнува мускулите, ги штити забите од кариес и парадентоза и лечи импотенција.